Во САД за два месеци се направени околу 5,7 милиони тестови на коронавирус, а претседателот ДОналд Трамп најавува дека наскоро ќе бидат правени пет милиони тестови дневно.

Двете причини заради кои САД имаат толку голем број на потврдени случаи на коронавирус е големата популација од околу 330 милиони луѓе и големиот број на тестови кои ги прават, наведува Би-Би-Си.

Во САД за минатите два месеци биле направени околу 5,7 милиони тестови. Тие цифри делуваат високи, но според податоците на научните онлајн публикации за податоците во светот, САД направиле 16,3 тестови на 1.000 луѓе, што е помалку од Италија каде се направени 30,6 тестови на 1.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.