Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека имал долг и многу корисен телефонски разговор со својот кинески колега, Си Џинпинг, и дека напредуваат разговорите за трговскиот договор.
Имав долг и многу убав разговор со кинескиот претседател Си. Договорот се движи напред многу добро. Ако биде склучен, ќе биде многу широк, ќе ги опфати сите контроверзни прашања, области и точки. Направивме многу голем напредок, напиша Трамп на Твитер.
Во разговорот Си Џинпинг изразил надеж за понатамошен развој на координирани, кооперативни и стабилни кинеско-американски односи, јави Синхуа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.