Белата куќа објави нова проценка дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата за движење, во спротивно, бројот на починати би можел да биде меѓу 1,5 и 2,2 милиони, објави АП.
Директорот на Националниот институт за заразни болести Ентони Фаучи рече дека јавноста треба да биде подготвена за вакви бројки, но изрази надеж дека нема да има толку жртви.
мериканскиот претседател Доналд Трамп официјално издаде едномесечно упатство за заштита од вирусот, оценувајќи дека нивното почитување е „прашање на живот и смрт“.Тој се откажа од надежта дека американската економија повторно ќе започне да функционира до Велигден.
– Ова ќе бидат многу болни две недели – рече Трамп.
Со своето упатство Белата куќа ги повикува Американците да избегнуваат физички контакт, да останат дома и да повикаат лекарите доколку се болни, да не одат во угостителските објекти, да ги штитат старите лица, иако и младите се изложени на ризик од заболување.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД се искачи на повеќе од 4.000, со што го надмина официјалниот број на починати во Кина, која имаше околу 3.300 починати. Најмалку 38.466 луѓе починале низ целиот свет како резултат на коронавирусот, а повеќе од 791.000 се заразени.Половина од починатите се од Италија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.