Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Исламската држава е поразена.
„Ние ја поразивме Исламска држава во Сирија“, напиша американскиот претседател на социјалната мрежа „Твитер“.
Претходно американските медиуми објавија дека САД планираат да ги повлечат своите војници од Сирија.
We have defeated ISIS in Syria, my only reason for being there during the Trump Presidency.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 19, 2018
Имено, според Си-ен-ен, кој се повикува на неименуван американски воен претставник, во тек е планирањето за „целосно” и „брзо” повлекување на американските трупи од Сирија. Тој додаде дека одлуката е донесена од американскиот претседател, Доналд Трамп, кој пред долго време изразил желба да ги повлече војниците од Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.