Откако американскиот претседател го отпушти својот советник за национална безбедност Џон Болтон, познат е вршителот на должност кој ќе го замени додека не биде избран нов советник.
Функцијата вршител на должност ја презедма досегашниот заменик на Болтон, Чарлс Куперман, информирале од Белата куќа за Би-Би-Си.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека го отпуштил советникот за национална безбедност, се појавија информации дека Трамп и Болтон не се согласувале за голем број предизвици во надворешната политика, од Авганистан до Иран.
Многумина во Белата куќа не биле задоволни и од однесувањето на Болтон, а неименуван извор за Би-Би-Си изјави дека тој создал посебен ентитет од Советот за национална безбедност.
„Болтон работеше одделно од остатокот на Белата куќа“, рече поранешен функционер на администрацијата на Трамп, кој сакаше да остане анонимен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.