Австралиецот Брентон Тарант, 28-годишниот масовен убиец, пред да го изврши масакрот во двете џамии во Нов Зеланд, објавил манифест на 73 страници каде објаснува зошто го извршил овој терористички чин.

Од напишаното е јасно дека омразата се базира на расистички основи, бидејќи вели дека со овој чин (убиствата) ќе покаже дека ,,белите луѓе“ нема да дозволат други да ја преземат неговата земја.

Тој исто така, пишува дека негова инспирација се американскиот претседател, Доналд Трамп и американската политичарка , Кендас Овен, и двајцата познати по своите тврди ставови кон имигрантите.

Тарант е уапсен откако изврши масакр во две џамии во градот Крајстчрч во Нов Зеланд. Тој уби 49 и рани над 40 муслимански верници.

Медиумите дури објавуваат негови фотографии кога бил мало дете и прашуваат како е возможно ова слатко детенце да се претвори во вистински монструм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.