Американскиот претседател Доналд Трамп на собир на републиканците на бизарен начин се осврна на нападот на конгресменот од сојузната држава Стив Скалис, кон кого во 2017 година пукаше психички болен маж.
Неговата жена многу плачеше кога тоа се случи. Ја сретна во болницата, навистина беше вознемирена. Многу жени не би реагирале така доколку на нивните мажи им се случи слична трагедија. Знам дека мојата сопруга не би реагирала така – изјави Трамп.
Белата куќа сѐ уште официјано не ја коментираше изјавата на претседателот.
За потсетување, првата дама на САД минатата година во едно интервју не ја вознемируваат трачевите за својот брак, особено оние за прељубите.
Секако, не е секогаш згодно, но знам што е исправно, а што погрешно, знам да ја разликувам вистината од лагите – рече таа своевремено.
Претходно во медиумите се појавува компилации од снимки на кои може да се забележи како Меланија одбива да го држи Доналд за рака, додека многу медиуми шпекулираа дека нивниот однос пред камери покажува оти двајцата не се во добри односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.