Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека јапонскиот премиер, Шинзо Абе го предложил за кандидат за Нобелобата награда за мир поради неговата работа на покренување на дијалогот со Северна Кореја.

Говорејќи за претстојниот самит со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун во Виетнам, Трамп рече дека неговите први контакти со Ким биле полни со оган и бес, но двајцата лидери од првиот состанок минатата година, воспоставиле добар однос.

(фото: Никола Димитров)

Тој додаде дека јапонскиот премиер му дал копија од писмото кое го напишал, а во кое го предлага како кандидат за Нобелобата награда.

Новинската агенција „АП“ напоменува дека засега не може да ја потврди номинацијата, како и дека јапонската амбасада во Вашингтон се нема огласено по тој повод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.