Американскиот претседател Доналд Трамп пред дипломците на воената академија Вест поинт вчера изјави дека негова работа е да ги брани виталните интереси на САД, а не да води бесконечни војни во далечни земји.
Неговата изјава уследи откако се соочи со критики поради плановите за повлекување на речиси 10.000 војници од Германија.
Ја завршуваме ерата на бесконечни војни – истакна Трамп.
Тој додаде дека задачата на американскиот војник не е да ги обновува меѓународните односи, туку да ги брани САД од странскиот непријател.
Не е работа на американската војска да решава стари конфликти во далечни земји, за кои многу луѓе никогаш не слушнале – посочи Трамп.
Американскиот претседател се осврна и на расната нееднаквост во САД, истакнувајќи оти кадетите се пример на американската разновидност.
Дојдовте овде и од села и од градови, од големи и мали држави, различни раса, вера и боја. Но, кога влеговте во овој комплекс, станавте дел од еден тим и едно семејство, кое гордо служи на американската нација – истакна Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.