Доналд Трамп го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“ во Мериленд, по што со претседателскиот хеликоптер се упати кон Белата куќа.
По пристигнувањето излезе на терасата од Белата куќа и отпоздрави на присутните.
Доналд Трамп беше отпуштен од болницата Валтер Рид, каде што заврши поради инфекција со корона вирус. Американскиот претседател одеше од главниот влез до неговиот автомобил и не одговараше на прашањата на собраните новинари, туку само им мавташе и пред да влезе во автомобилот, застана да се фотографира.
Потоа со хеликоптер бил пренесен во Белата куќа, каде повторно позираше на терасата со подигнати палци, а потоа повторно излезе на терасата за да можат фотографи и сниматели повторно да го снимаат неговиот влез во Белата куќа.
Непосредно пред излегувањето од болницата, Трамп на Твитер најави дека наскоро ќе се врати во предизборната кампања.
Трамп во Белата куќа ќе го пречека работниот простор лоциран во близина на медицинската канцелариј. Иако Трамп има канцеларија на третиот кат во Белата куќа, новите канцеларии ќе бидат лоцирани поблиску до лекарите и медицинската опрема.
Тој ќе работи во канцеларија што вклучува место за прием на пациенти, просторија за прегледи и е блиску до канцеларијата на докторот на Трамп, Шон Конли. Тој простор ќе се искористи и за изолирање на Трамп од останатите вработени во Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.