Американскиот претседател Доналд Трамп за време на бејзбол натпревар бил исвиркан од страна на гледачите, додека во друштво со сопругата Меланија, го следел петтиот натпревар од Светската серија кој се играл во Вашингтон.
Гледачите почнале да свиркаат веднаш кога претседателот се појавил на големото платно.
„Затворете ја“, беше вообичаениот слоган на предизборните собири на Доналд Трамп кој се однесуваше на Хилари Клингтон, неговиот демократски противник на претседателските избори во 2016 година.
President Trump booed loudly when introduced to the crowd in the third inning at Game 5 of the #WorldSeries2019 pic.twitter.com/pLstOthT2h
— Scott Boeck (@ScottBoeck) October 28, 2019
Сега, противниците го искористија тој слоган против него. Доналд Трамп е на мета на парламентарната истрага која се води поради негово отповикување.
Демократските пратеници се обидуваат да докажат дека му вршел притисок на Киев за да добие компромитирачки иноформации за поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој е најверојатниот кандидат на демократите на претседателските избори во 2020 година, изјавил дека не направил такво нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.