Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, доживува „лесни симптоми“ на Ковид-19 откако му е дијагностицирана болеста, објави ЕнБиСи повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.

Лицето исто така истакнува дека Трамп продолжува да работи од дома и покрај дијагнозата, опишувајќи го како „деловно како и обично“ за американскиот претседател.

Претходно, Трамп објави дека тој и првата дама Меланија Трамп биле позитивни на Ковид-19 и се во карантин, додека Белата куќа ги откажа сите планови за тој ден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.