Никогаш нема да се откажам од борбата за нашата нација, ќе ги искористиме сите правни аспекти за луѓето да имаат доверба во својата влада“, изјавил претседателот на САД, Доналд Трамп во обраќањето пред американскиот народ.

Изборниот тим на Доналд Трамп го објави неговото обраќање до американскиот народ на Твитер.

Верувам дека американскиот народ заслужува целосна транспарентност кога станува збор за пребројување на гласовите и потврдување на изборите и тоа веќе не е прашање само на еден избор. Станува збор за интегритетот на нашиот изборен процес. Од почетокот рековме дека мора да се избројат сите легални гласачки ливчиња, но не и незаконските. Сепак, на секој чекор наидовме на отпор кон овој основен принцип од Демократската партија. Ние ќе го продолжиме овој процес низ сите правни аспекти за да осигуриме дека американскиот народ има доверба во својата влада. Никогаш нема да се откажам од борбата за вас и нашата нација“, рекол Трамп.

Обраќањето на Трамп следело додека сè уште се бројат гласовите од американските претседателски избори, а спротивниот табор на Џо Бајден тврди дека е близу до победа. Од друга страна, Трамп тврди дека имало изборни нерегуларности и дека тој би победил ако се бројат само законските гласови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.