Американскиот претседател Доналд Трамп денеска организираше ручек за лидерите на земјите членки на НАТО кои издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната.
Ручекот за таканаречените „два отсто“, како што Трамп ги нарече, беше приреден за девет од 29 лидери на земјите-членки на НАТО, пренесоа американските медиуми.
Ручекот е на моја сметка – рече Трамп пред лидерите на Велика Британија, Бугарија, Естонија, Грција, Летонија, Полска, Литванија и Романија.
Агенциите наведуваат дека со овој потег Трамп сакал да ги казни другите членки на Алијансата кои не одвојуваат толку за одбраната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.