Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно е номиниран за републикански кандидат на претседателските избори на 3 ноември на кој ќе му се спротистави демократот Џо Бајден.
Трамп ги доби мнозинството гласови, како што и се очекуваше, на почетокот на четеридневната републиканска конвенција во Шарлот во Северна Каролина.
За разлика од 2016 годна Трамп на претседателските избори 2020 влегува со полна поддршка од водечките републиканци иако заостанува во анкетите во пресудните американски сојузни држави.
Претходно денеска, потпретседателот на САД, Мајк Пенс и официјално беше реименуван за кандидат за потпретседател на изборите во САД во 2020 година.
WATCH NOW: Pres. Trump makes surprise appearance as GOP formally nominates him for reelection https://t.co/9coEkc0HCi pic.twitter.com/PIVkSMxvrC
— CBS News (@CBSNews) August 24, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.