На почеток на предизборното обраќање на „Ен-Би-Си“ (NBC), претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека повеќе не чувствува „апсолутно ништо“ од симптомите на Ковид-19, иако призна дека лекарите утврдиле „мала зафатеност на градите“ додека бил во болница.
Трамп за време на настапот седеше на сцена, а на растојание од повеќе од еден метар од него имаше неколку гласачи со заштитни маски на лицата. Трамп изјави дека се теститал дента на телевизиската дебата до Бајден кога и двајцата беа во исто студио.
Двајцата кандидати за претседател на САД настапија на различни телевизии во различни градови, како замена за втора дебата што е откажана поради загриженост за нивното здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.