Претседателот на САД Доналд Трамп во вторникот изјави дека ѝ наложил на неговата администрација барем привремено да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) за нејзиното постапување со пандемијата на коронавирус.

СЗО потфрли во својата основна должност да одговори на ширењето на коронавирусот“, изјави Трамп.

Трамп на прес-конференција во Белата куќа рече дека СЗО „не успеа во својата основна должност и таа мора да биде одговорна“. Тој оцени дека организацијата ја промовирала „дезинформацијата“ на Кина за вирусот, што веројатно довело до поширока појава на вирус отколку што би се случило поинаку.

САД се најголемиот поединечен финансиер на СЗО, на чија сметка лани уплатиле 300 милиони долари, што е околу 15% од нејзиниот вкупен буџет.

САД се најпогодената земја од коронавирусот, со повеќе од 600.000 заразени и речиси 26.000 починати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.