По објавите во неколку амеркански медиуми дека Иран планира да се одмазди за убиството на генералот Касим Сулејмани, со реакција во јавноста излезе американскиот претседател, Доналд Трамп.
Тој предупреди дека неговата земја ќе одговори на секоја провокација од Иран и дека на секој напад врз американските интереси ќе се одгвори 1000 пати поголема жестина.
Според извештаите во печатот, Иран можно е да планира атентат, или друг напад, против САД како одмазда за убиството на лидерот на терористите Сулејмани – напиша Трамп на Твитер.
Во своите извештаи, американските медиуми, кои цитираат неименувани официјални лица, објавија дека имало наводен ирански заговор за убиство на американскиот амбасадор во Јужна Африка, што бил планиран пред претседателските избори во ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.