Американскиот претседател Доналд Трамп објави уште 26 нови помилувања, меѓу кои има неколкумина негови поранешни соработници, вклучително и поранешниот шеф на неговиот предизборен штаб Пол Манафорт и поранешниот советник Роџер Стоун.
Информацијата ја соопшти прес-службата на Белата куќа.
Меѓу помилуваните е и таткото на зетот на Трамп и постар советник на досегашниот претседател, Џаред Кушнер, Чарлс. Чарлс Кушнер беше осуден за лажни даночни пријави.
Доналд Трамп во вторникот помилува 15 лица и делумно или во целост ги намали казните за уште пет граѓани. Меѓу помилуваните е и поранешниот советник во предизборната кампања на Трамп, Џорџ Пападопулос.
На списокот е и холандскиот државјанин Алекс ван дер Зуан, кој беше обвинет за лажно сведочење во рамките на истрагата на Специјалниот обвинител Милер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.