Американскиот претседател Доналд Трамп побара значително намалување на вработените во Советот за национална безбедност, пренесуваат американски медиуми, повикувајќи се на пет избори запознаени со ситуацијата.

Барањето за намалување на персоналот на почетокот на неделава било поднесено од шефот на кабинетот на Белата куќа, Мик Малвини и советникот за национална безбедност, Роберт О’Брајан.

Во Советот во моментов работат 310 лица, а во извештајот не е наведен точниот број на оние кои ќе треба да ги напуштат своите работни места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.