Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата соопшти дека САД ќе ги суспендираат „сите патувања“ од Европа за Соединетите држави на еден месец во обид да се спречи ширењето на пандемијата со коронавирусот.

Говорејќи од Белата куќа, Трамп рече дека забраната за патувања ќе почне на 13 март и оти рестрикцијата нема да се однесува на американски граѓани и на Велика Британија. Не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во потоа објавено соопштение се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната.

Трамп оцени дека во Европа имало многу случаи на Ковид-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон. Стејт департментот им препорача на Американците да не патуваат во странство. Во САД досега има околу 1.200 заразени со вирусот, додека 37 починале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.