Соединетите американски држави денеска избираат претседател. Дали ќе биде сегашниот, Доналд Трамп или новиот, Џо Бајден, ќе се знае во текот на ноќта во зависност кој победил во клучните држави.

Според анкетите, Бајден води во шест од овие одлучувачки држави – Флорида, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Северна Каролина и Аризона.

Американците гласаат на изборите поделени и незадоволни како што не биле од Виетнамската војна во 1970-тите. Скоро 100 милиони веќе гласале. Експертите предвидуваат дека одѕивот на гласачите ќе биде поголем отколку во 2016 година, кога гласале 138 милиони луѓе.

И Бајден и Трамп се убедени во иста работа – нивната победа.

Чувствувам дека имаме голема победа пред нас“, најави Бајден, додека Трамп рече: „Ќе имаме уште една убава победа“.

Во 01:00 часот, првите избирачки места се затвораат. Ова ќе се случи во шест држави, вклучително и Индијана и Џорџија.

Според Си-Ен-Ен, на некои места во Пенсилванија луѓето чекаат по четири часа за да гласаат.

Бајден уште еднаш, пред најавеното обраќање, одговори на прашањата на новинарите. Тој рече дека не сака ништо да предвиди однапред.

Ако вечерва се случи нешто за што можеме да разговараме, ќе разговарам. Ако не, ќе почекам додека не се пребројат гласовите, рече тој.

Трамп , пак во изјавата ги повика Американците да гласаат што помасовно.

Главните теми што беа важни за гласачите беа економијата, расната нееднаквост и коронавирусот.

52 проценти од гласачите велат дека е поважно за новиот претседател да го сопре коронавирусот отколку да ја обнови економијата.

Трамп објави на Твитер, повторно повикувајќи ги луѓето да гласаат за него.

Џо Бајден им се обрати на околу 100 луѓе собрани во Филаделфија. Им рече дека ако победи, ќе ги обедини САД, а не да ги дели на црвена и сина Америка.

Како што гласа Филаделфија, така ќе гласа и Пенсилванија, рече Бајден.

Првите гласачки места се затвораат во поголемиот дел од Индијана и Кентаки. Во Виго ,округот во Индијана досега гласал за победник на сите претседателски избори од 1956 година. Сепак, Индијана е позната по бавното пребројување на гласовите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.