Американскиот претседател, Доналд Трамп на Твитер напиша дека климатскиот договор од Париз е виновен за масовните протести во Франција и тврди дека „жолтите елеци“ всушност го скандирале неговото име за време на насилните демонстрации.

Парискиот договор не е добар за Париз. Протести и нереди низ цела Франција. Луѓето не сакаат да платат големи суми на пари, во замена за можно зачувување на животната средина. Тие скандираат „Го сакаме Трамп! Ја сакаме Франција“, Трамп напиша на Твитер.

Американските медиуми пренесуваат дека всушност ваквите оценки на Трамп се должат на старо видео, кое се однесува на други протести, кои се случиле пред шест месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.