По ескалацијата на протестите пред Конгресот на САД во Вашингтон, претседателот Доналд Трамп преку твитер им се обрати на своите подржувачи кои ја запоседнаа зградата на Конгресот.

Трамп во обраќањето преку Твитер изјави:

-Знам дека сте разочарани и гневни.Имаше избори на кои бевме украдени на нечесен начин.Не смееме да ја играме играта на овие луѓе , Демократите. Затоа заминете дома мирно.

„Ние мора да имаме мир, мора да имаме закон и ред и да ги почитуваме луѓето што го спроведуваат. Не сакаме никој да се повреди. Ова е тешко време, вакво нешто никогаш не се случило, да ми одземе (избори) од мене, од нас, од нашата држава. Ова беа наместени избори, но не можеме да одиме во предност на овие луѓе. Ние мора да имаме мир. „Затоа, одете дома, ние ве сакаме, вие сте многу посебни, видовте што се случи, но одете дома во мир“, рече Трамп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.