Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус, кои запреле многу бизниси ширум САД, може да доведат само до смртни случаи.

Нашата држава треба да започне со работа. Нашата држава сака ние да се вратиме на работа“, рече претседателот за Фокс њуз, пренесува Ројтерс.

Овој лек е полош од болеста. Многу луѓе, според мое мислење, ќе умрат ако дозволиме ова да продолжи”, истакна Трамп.

Тој рече дека Американците треба да се вратат на работа.

Нашите луѓе сакаат да се вратат на работа“, заклучи американскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.