Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека неговата најстара ќерка Иванка потенцијално би можела да тргне по неговите стапки и да се кандидира за шеф на државата.

– Ако некогаш би сакала да се кандидира за претседател на САД, мислам дека ќе биде многу тешко некој да ја победи. Многу е смирена… Сум ја гледал под огромен стрес и притисок. Реагира многу добро, тоа е обично генетска работа – изјави Трамп во интервју за „Атлантик“.

Тој истакна дека реазмислувал својата ќерка да ја кандидира за претседателка на Светска банка.

Нарекувајќи ја „природен дипломат“, Трамп нагласи дека таа би била одлична и во Обединетите нации, но додаде дека поради јавноста се откажал од идејата да ја предложи за Светска банка.

– Ако го направев тоа, тие ќе речеа непотизам, а тоа не би имало никаква врска со непотизам. Таа ќе беше неверојатна – истакна американскиот претседател.

Иванка Трамп, моментно висок советник во кабинетот на својот татко, долго време беше предмет на голем интерес надвор од Белата куќа. Кога првпат влегла во Белата куќа, некои ја оцениле како поумерена природа во споредба со импулсивната и тврдокорната на Доналд, сугерирајќи и дека би можела да влијае на својот татко околу прашањата за климатски промени и правата на ЛГБТ заедницата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.