Телото на британската астрофизичарка Наталија Кристофер (34), која исчезна во понеделникот на грчкиот остров Икарија кога заминала на трчање, пронајдено било во провалија.
Научничката ја пронашол пожарникар 800 метри подалеку од хотелот во кој престојувала 38-годишната Наталија со своето момче.
За потсетување, Наталија исчезна во понеделникот откако заминала на трчање. Кога не му се јавувала на момчето на телефон, тој го пријавил нејзиното исчезнување.
За време на истрагата полицијата открила и траги крв на нејзината перница, а собарката раскажала дека парот се расправал ноќта пред исчезнувањето.
Тие на острвот дошле во саботата и требало во понеделникот да се вратат на Кипар, каде и двајцата живееле.
Засега не се познати детали за нејзината смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.