Во затвор во Мексико се одиграл „пријателски“ натпревар помеѓу два нарко картели и исходот е трагичен. Мечот бил одржат во затворот Синегујас во сојузната држава Закатекас помеѓу картелите Гулф и Зетас. Она што требало да биде разонода за затворениците се претвори во масакр.
Ситуацијата ескалирала кога еден „играч“ стартувал опасно врз друг. Тоа предизвикал гнев кај оштетената екипа која скокнала против насилникот, а потоа и другата група скокнала во негова одбрана по што настанала општа тепачка.
Исходот е 15 мртви на лице место, а уште 16 починале на пат кон болница. Дури 20 амбулантни возила биле повикани во затворот на помош. На полицијата и требало три часа да воспостави контрола на ситуацијата. По мечот е извршена рација во ќелиите и пронајдени биле 77 вреќички со марихуана, 17 ножеви, пила, пиштол, три ножици, два чекани, девет мобилни телефони со полначи и шишиња со алкохол.
извор: Спортмедиа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.