Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека нивното шестмесечно бебе кое било на задното седиште, останало живо.
Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пиаценза-Турин, во провинцијата Павија, јавува Журнал.
Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, удриле во камион паркиран во зона за одмор.
Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.
Un grave incidente questa mattina sull’autostrada A21, nell’Oltrepò Pavese. Un’auto si è schiantata contro un tir. Illeso un neonato, morti i due giovani genitori. pic.twitter.com/J9N8P2Qxjg
— Tg3 (@Tg3web) June 11, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.