Дваесетгодишната Сабрина Лекај е пронајдена убиена во нејзиниот автомобил во австралискиот град Аделаида. Како што пренесуваат локалните медиуми, телото е пронајдено во неделата, половина час пред полноќ, а на него имало прободни рани. Автомобилот бил оддалечен само 250 метри од нејзиниот дом.
Засега единствен осомничен за убиството е нејзиниот татко, Петрит, кој бил пронајден во автомобилот со повреда во стомакот.
Сабрина била студентка по медицина. Ноќта била излезена со пријателките, на кои наводно им кажала дека се плаши оти ќе има караница со татко ѝ штом се врати дома, бидејќи била излезена до доцна во ноќта. Пред да биде убиена, Лекај ѝ напишала на својата пријателка дека ја сака и оти ќе ѝ прати СМС кога ќе биде дома.
Сѐ уште нема информации за каква повреда се работи кај таткото на Лекај, ниту пак, кој му ја нанел. Тој е во болница, кадешто е чуван од полицијата. Утре треба да даде исказ пред судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.