Еден турист во Шпанија починал откако паднал од балкон на хотелот, и го убил човекот врз кого паднал, јави Скај њуз.
Првата жртва е 50-годишен турист од Англија, кој паднал од балконот на неговата хотелска соба на седмиот кат. Другата жртва е 43-годишен Шпанец. Несреќата се случила во градот Марбеља во регионот Коста дел Сол.
Полицијата на лице место потврди дека двајцата мажи се мртви.
Сè уште не е познато зошто човекот паднал, а истрагата за случајот е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.