ослободени се 43 заложници што беа киднапирани од вооружен човек во банка во грузискиот град Зугдиди.

Како што соопштија од грузиското Министерство за внатрешни работи напаѓачот побегнал, а со себе земал и тројца заложници.

Инцидентот се случи во текот на вчерашниот ден, кога неидентификуваниот вооружен маж упадна во филијала на Банката на Грузија и зеде заложници.

Според локални медиуми тој барал половина милион долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.