Најмалку девет лица загинале во силното невреме проследено соснег, замрзнат дожд и град, кое ги погоди југоисточните делови на САД, односно седум држави, во кои се откажани повеќе од сто летови, а стотици илјади луѓе останаа без струја од Тексас до Мичиген, соопштија федералните власти.

Силни ветришта и град со големина на топче за голф од 5 до 13 сантиметри паѓале синоќа и утрово, а потоа бурата се придвижила од Тексас преку југоистокот и Големите езерадо Маин, соопштува Националната метеоролошка служба.

Телата на постара брачна двојка се пронајдени во близина на уништена камп-приколка во Луизијана, а во тек е спасувачка акција, зашто постои сомнеж дека има повеќе жртви.

Причинета е голема материјална штета во Бентон, во средно училиште кое се поплавило откако бил уништен покривот.

Исто така пријавено е дека повеќе десетина илјади домаќинства останале без струја на југот на САД. Националната метеоролошка служба издала утрово предупредување за торнадо кон Мисисипи, пренесува АП.

Полицијата од Далас соопштила дека едно лице загинало кога порој однел автомобил околу 7 часот попладне. Неколку торнада уништиле куќи во Арканзас и Мисисипи и нанеле штета во Оклахома.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.