Неколку топлес жени денеска протестира пред Елисејската палата во Париз против претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Тие имале заедничка порака „RIP The Promises“ (Ветувањата нека почиваат во мир), што се однесува на средбата која деновиве ја одржа Макрон со претставници на новата, реконструирана влада.

Една од демонстрантките имала напишано на своето тело „Злосторнички совет“, а некои од нив имале на себе ознаки на феминистичката група Фемен.

Полицијата ги уапсила и отстранила од местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.