Поранешниoт британски премиер, Тони Блер во интервју за радиостаницата „Тајмс“, невакцинираните луѓе ги нарече идиоти. Зборувајќи за тоа што треба Владата да направи за олабавување на мерките поради пандемијата со коронавирусот, Блер сугерирал да се стави поголем акцент на антивирусните лекови, вакцинација на млади лица од 12 години, како и подобрување на капацитетите за тестирање, обезбедување доволно вакцини во сиромашните држави и поттикнување за вакцинација.

Ако моментално не сте вакцинирани и не постои здравствена причина поради која се спречени да се вакцинирте, тогаш не само што сте неодговорни, туку сте и идиоти. Жал ми е, но навистина е така, рекол Блер.

Тој напоменал дека опасноста станува поголема поради омикрон сојот. Според неговите зборови, невакцинираните лица треба да се убедат да се вакцинираат.

Изјавата на Блер ја подели јавноста – додека едни го поддржаа, други сметаат дека ваквите изјави нема да поттикнат вакцинација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.