Тони Ан Синг од Јамајка сношти беше избрана за нова Мис на светот. На самото прогласување таа изјави дека ќе ја искористи титулата за да внесе промени за жените и децата.

Тони има 23 години и студира на Универзитетот во Флорида. Таа смета дека убавината на жените е споредно нешто и дека тие треба да се заложат правејќи дела кои на нивните деца ќе им донесат подобра положба и подобар живот и секако, посигурна иднина. Меѓутоа, не навела ниту еден пример за какви промени поточно мисли.

Сосема е во ред да ги славиме убавината и силата, но оваа титула е многу повеќе од тоа“, изјавила возбудената Тони, додека се радувала заедно со своите родители.

Во ревијалниот дел, Тони ја отпеа песната „I Have Nothing“ од Витни Хјустон, покажувајќи ги своите таленти.

Круната ја доби од минатогодишната победничка на Мис на светот, Ванеса Понс од Мексико.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.