Полицијата во Перу заплени еден и пол тон кокаин и уапси членови на криминална група меѓу кои и еден Босанец.
Босанецот Смаил Шикало наводно бил наводно поврзан со криминалната група „Америка“, со која раководат Срби. Планот на шверцерите бил пратката да стигне до Европа по морски пат за потоа на црниот пазар да заработат 80 милиони долари.
Операцијата на полицијата почнала во саботата кога биле уапсени двајца Перуанци, во чија куќа биле најдени 472 килограми кокаин.
Во втората куќа следниот ден биле уапсени Босанецот и еден Перуанец. Во нивната куќа во плакар бил најден повеќе од еден тон кокаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.