Терористот Усман Кан кој со нож уби две лица вчера во Лондон, го совладаа случајни минувачи, а еден од нив беше и Томас Греј (24).

Тој е менаџер во турситичка агенциа, а објасни и како се нашил таму.

Се возев со колегите кога видов голем метеж на мостот и луѓе како бегаат во паника. Го изгасив автоомобилот и се доближив. Тогаш видов двајца мажи како се обидуваат да совладаат еден маж кој во рацете држеше ножеви. Не размислував и скокнав и јас, се борев со него. Успеав да му го стиснам зглобот, за да му го земам едниот нож. Го направив она што би го направил секој граѓанин на Лондон, рекол тој.

Во еден момент слушнал како полицаец му рекол да бега бидејќи напаѓачот имал бомба.

Се сокрив зад школски автобус, а тогаш се слушнаа неколку истрели, полицијата го затсрела“ рекол Томас.

По овој инцидент тој заедно со пријателите заминал во локален паб на пиво. Сепак подоцна се воспостави дека тој носел лажен елек со експлозив. Доколу случајни минувачи не го совладаа, бројот на жртви сигурно би бил поголем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.