Толпа собрана на улиците на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, линчувала двајца од групата странски платеници кои извршија атентат над претседателот Жовенел Моиз. Во нападот сериозно е повредена и сопругата на претседателот, која е во болница каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
На социјалните мрежи е објавено видео, на кое се гледа како толпата ги носи ракрвавените и претепани колумбиски платеници низ сиромашните квартови на Порт-о-Пренс.
Властите соопштија дека претседателот Моиз, го ликвидирала група командоси, од кои 26 биле Колумбијци, а двајца Американци, со потекло од Хаити.
Привремениот премиер Клод Жозеф, кој треба да биде сменет неделава, вчера прогласи вонредна состојба во земјата поради атентатот и ја презеде власта во земјата. Меѓутоа, оваа одлука ја оспори човекот кого Моиз го постави за свој наследник, односно главниот функционер за коронавирусот во земјата, Ариел Анри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.