Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт Токајев изјави дека одговорните за падот на авионот на компанијата „Бек Ер“, што утрово се урна во близина на градот Алмати, при што загинаа најмалку 12 лица ќе се соочат со „тешка казна во согласност со законот“.
Тој на Твитер изрази сочувство до семејствата на жртвите и 28 декември го прогласи за ден на жалост во Казахстан.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека го истражува можното кршење на правилата на безбедност на летот со 93 патниви и петмина членови на екипажот. Кога се случу несреќата во околината имало густа магла.
Комитетот за воздухопловство ги суспендира сите летови на авиокомпанијата „Бек Ер“ и авионот „Фокер 100“ додека се чекаат резултатите од истрагата.
Авионот што се урна е произведен во 1996 година, а последната потврда за лет е изададена во мај 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.