Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по забраната на Фејсбук да објавува вести на таа социјална мрежа во Австралија, објави британскиот весник Гардијан.

Социјалната мрежа дури блокираше и свои профили.

Фејсбук денеска почна со блокирање на објавување вести од австралиски страници за вести, а исто така не им дозволува на австралиските корисници да споделуваат или прегледуваат содржини на австралиски и меѓународни медиуми.

Технолошкиот гигант соопшти дека ја донел одлуката како одговор на новиот дигитален кодекс на австралискиот Сенат. Кодексот ги принудува Гугл и Фејсбук да склучуваат договори со медиумите и да плаќаат за содржините.

Иако забраната за Фејсбук требаше да биде насочена само кон медиумите, десетици профили на владини агенции, синдикати, организации и политичари исто така беа блокирани неколку часа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.