Шведската тинејџерка Грета Тунберг (16), иницијатор и организатор на младинскиот штрајк за климатски промени и номинирана за Нобеловата награда за мир, минатата година ги обвини светските лидери дека само зборуваат за зелена економска иднина, бидејќи се плашат да бидат непопуларни.
Нашата цивилизација е жртвувана заради можноста многу мал број на луѓе да продолжат да заработуваат огромни суми на пари. Нашата биосфера е жртвувана за богатите луѓе да можат да живеат во луксуз – рече тогаш 15-годишната активистка од Шведска на Конференцијата за климатски промени во полскиот град Катовице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.