Едно 15-годишно момче е убиено, а уште еден тинејџер е тешко повреден во оружен напад на плоштад во градот Малме, соопшти денеска шведската полиција.
Локалната полиција наведе дека непознати напаѓачи синоќа отвориле оган во пицерија, а според очевидци тие веднаш побегнале со велосипед од местото на инцидентот.
Нападот се случил само неколку минути по експлозија на бомба, која е поставена под автомобил во друг дел на Малме.
Полицијата се уште не потврдила дали двата инцидента се поврзани и се уште не ги идентификувала осомничените во двата случаја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.