Три лица, за кои се верува дека се ученици, се убиени во пукање во средното училиште Оксфорд во Оксфорд, Мичиген, соопштија локалните власти.
Други шест се застрелани и повредени, меѓу кои и еден наставник, соопштија властите. Сериозноста на нивните повреди засега не е позната.
Осомничениот напаѓач, 15-годишен ученик, бил приведен во рок од пет минути, соопштија властите. Канцеларијата на шерифот на округот Оукленд соопшти дека е одземен еден пиштол.
Властите соопштија напаѓачот најверојатно дејствувал сам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.