Едно лице загина, а повеќемина се повредени, од кои двајца во критична здравствена состојба, по денешниот напад во средно училиште во Санта Кларита, Калифорнија.


Напаѓачот бил облечен во црно и се верува дека е азиско потекло. Според „Си-Ен-Ен“ напаѓачот најверојатно бил ученик во тоа училиште.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека напаѓачот е веќе задржан и се наоѓа во болница. Полицијата, исто така, побара будност во соседните реони.

Веруваме дека работел сам, засега нема други обвинети. Продолжуваме со истрагата и ги собираме сите достапни информации, изјави шерифот на Санта Кларита.

Бројот на ранетите засега е непознат и во новинските извештаи варира од петмина до седумина. Двајца од критично повредените се мажи, третата е девојка, која во меѓувреме подлегнала на повредите.

Веднаш по пукањето се јави сенаторката од Калифорнија Камала Харис, учесник во трката за номинација претседателски кандидат од демократите.

Ова не треба да се случува, не треба да спроведуваме вежби по школите во случај на пукање. Бараме итна забрана за продажба на автоматско оружје и нов закон за оружје, изјави Харис за „Си-Ен-Ен“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.