Алжирецот Феуз Забат беше прогласен за херој во Турција откако успеа да го фати двегодишното девојче што падна од прозорец на стан во зграда на вториот кат.

17-годишниот Алжирец ја забележа малата Доха Мухамед како виси од прозорецот на својот дом во истанбулската населба Фатих.

Забат, алжирски имигрант, кој работел во работилница во близина на домот на Доха, се најде под прозорецот и успеа да ја фати во последен момент. Доха мина без повреда.

Локалните медиуми објавија дека девојчето се качило до отворениот прозорец додека нејзината мајка готвела во кујната.

Семејството на Доха, но исто така и турските медиуми, го прогласија младиот Алжирец за херој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.