Франција го предложи Тиери Бретон за свој кандидат за европски комесар за индустрија, соопшти денеска Канцеларијата на претседателот Емануел Макрон.
Првиот избор на Париз за функцијата еврокомесар беше Силвија Гулар, која, на незадоволство од Франција, не доби поддршка од Европскиот парламент.
Бретон е директор во технолошката групација „Атос” од 2009 година и поранешен министер за финансии во владата на поранешниот француски претседател Жак Ширак.
– Тој е човек од акција кој ги знае индустриските проблеми одвнатре и кој, познавајќи ги институциите во Брисел, нема да има бирократски пристап кон европските теми, што е важно за претседателот, изјави официјален претставник на Елисејската палата.
Секоја членка на ЕУ именува по еден кандидат за ЕК, а нивниот избор мора да биде потврден од Европскиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.