Властите во кинеското пристаниште Далијан, во североисточна Кина, ќе тестираат милиони жители откако во изминатите 24 часа се пријавени седум нови случаи на заразени со корона вирусот.
Во ова ново жариште на епидемијата во последните денови се евидентирани вкупно 12 случаи на инфекција.
Властите ги затворија училиштата и дозволија движење само за неопходни категории вработени.
Пекинг исто така е во состојба на готовност откако вчера беа пријавени два асимптоматски случаи, покрај двата потврдени случаи од минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.