Компанијата Тесла во третото тримесечје од годинава продала 241.300 електрични автомобили и покрај недостатокот на чипови со кој се судира целата автомобилска индустрија.
Како што соопштија од компанијата, продажбите се зголемиле за 72 отсто во споредба со истиот период лани. Тесла тогаш испорачала околу 140.000 автомобили.
Аналитичката компанија „FactSet“ соопшти дека продажбите од јули до септември ја надминале прогнозата на Волстрит од 220.900 автомобили.
Досега во 2021 година Тесла продала 627.300 автомобили, со тоа надминувајќи го минатогодишниот број од 499.550 единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.