Терористот кој минатиот петок во Нов Зеланд уби 50 луѓе во два одвоени напади, планирал и трет напад. Како што објави „Си-ен-ен“  терористот бил стопиран од властите во остварување на третото крвопролевање.

Првите погреби на жртвите биле одржани вчера. Погребани се 44 годишниот Калед Мустафа и неговиот 16 годишен син Хамза. Од пописот на жртви објавени во неделата се гледа дека жртвите биле на возраст од 3 до 77 години.

Терористот во својот убиствен поход тргнал со пушки, две полуавтоматски и две сачмарки. За сето ова оружје имал дозвола која ја добил во 2017 година. Тој бил уапсен веднаш после нападот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.